за нас

Како започнавме?
Елград е семејна компанија со приватен капитал кој започна со работа во 1994 година со седиште во Неготино. За период од неколку години дојде до континуирано зголемување на сите важни показатели, од обемот на работа и годишниот обрт, преку просторните капацитети, до вкупниот број на вработени.    

zgrada

Основанта дејност е трговија со електроматеријали. Дистрибутер е на повеќе светски брендови како Schneider Electric, Helukabel, Elka kabeli - Загреб, VOP кабли, Olympia Electronics и др., обезбедувајќи богата понуда на производи.
Нашата работа е ориентирана кон купувачите, а тоа подразбира флексибилност и разбирање на нивните потреби. Големиот број на задоволни купувачи говори за успехот кој нашата компанија го има постигнато во изминатиот период од нашето работење.
Сакајќи компанијата да се развива во повеќе области од потрбите на општеството, во склоп на Елград е отворен нов салон на Toyota кој даде една нова димензија во работењето. 
Во април 2008 година се преселивме во  нов сопстван објект, со големина од околу 2000м2, кој ни даде можност за покомплетна и поквалитетна услуга кон нашите купувачи.

Кои сме ние?
Управувањето со компанијата секогаш на долгорочна основа резултираше со стабилност во работењето. Во склад со тоа, од основањето па до денес израснавме во реномиран партнер и добавувач на сите видови електро материјали со низа договорени застапништва и дистрибуција. Можеме да кажеме дека денес сме една од водечките компании во трговијата со електроматеријали  на подрачјето на РМ.
Елград е компанија која се грижи за задоволството на нашите клиенти. Со својата стручност и љубезност настојуваме секој клиент да се чувствува добредојден, а на крај да си оди задоволен.

Што нудиме?
На околу 1000м2 современо организиран складишен простор во секој момент  се достапни околу 4000 артикли. Токму заради големиот број на артикли настојуваме на своите купувачи преку изложбен салон да им ги приближиме квалитетот и естетската димензија на производот од нашата понуда.

magacin

Кај нас можете да најдете:

  • Проводници и кабли
  • Склопна техника и автоматика
  • Енергетски уреди
  • Громобранска инсталација
  • Осветлување
  • Инсталациски материјали
  • Комуникациски и безбедносни уреди
  • Сите Toyota возила
  • Комерцијални возила на Fiat

toyota

И на крај, зошто Елград?

  • Избор на сите видови елекроматеријали на едно место
  • Избор на сите видови на Toyota возила
  • Потполна услуга
  • Стручен тим за продажба кој ќе Ви помогне со задоволство
  • Техничка подршка
  • Можност за увид во тоа што сакате да го купите
  • Можност за брза достава до Вашето складиште
  • Можност за договор
  • Осигуран паркинг
mapa